Структура на студиските програми

Докторските студии опфаќаат активна истражувачка работа под менторство, траат најмалку три години и носат 180 ЕКТС-кредити.

Студиската програма се состои од следните активности:
  1. Организирана академска обука (42 ЕКТС-кредити);
  2. Независен истражувачки проект за изработка на докторскиот труд под менторство (докторски проект) (41 ЕКТС-кредит);
  3. Меѓународна мобилност (6 ЕКТС-кредити);
  4. Предавања и друг вид комуникациски активности (18 ЕКТС-кредити);
  5. Објавување во референтни научни публикации и активно учество на меѓународни собири (27 ЕКТС-кредити);
  6. Изработка и јавна одбрана на докторски труд (46 ЕКТС-кредити).